23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од заробена држава, станавме успешна приказна

„Голема е честа да ви посакам добредојде од ваков блескав момент. Тука сме после три години од склучувањето на „Договорот од Преспа. Три години од потпис кој направи историски пресврт во македонско-грчките односи и ја одблокира евро-атлантската интеграција на Северна Македонија“, истакна Македонскиот премиер Зоран Заев на отворањето на Преспа форумот.

Оддавајќи им признание на сите оние кои беа клучните луѓе во ангажманот и посветеноста во процесот на изнаоѓање решение на деценискиот спор Заев потсети дека резултат на тоа е фактот што Северна Македонија е членка на НАТО и рамноправен дел од најмоќниот сојуз во светот.

„Покажавме дека е можна промена. Од заробена држава, станавме современ пример кој сите го нарекуваат успешна приказна. Од држава со авторитарни тенденции, со ускратена или никаква слобода на изразување и лимитирани медиумски слободи, нашата демократија се консолидираше и се унапредува со секој изминат ден. И еве, денес, горд сум што низ “Преспа форумот за дијалог”, создаваме и извезуваме нови демократски вредности“, рече Зоран Заев.

Според премирот Заев во решавањето на тридецениското прашање со Грција е употребена методологија која до тогаш не била позната и со тоа, како штоо рече „оние кои беа проблем одеднаш, и без булдожер дипломатија од трети страни, почнаа да решаваат проблем“.

„Спорот меѓу Грција и тогашна Република Македонија беше преседан во политичката историја и за негова разврска беше неопходно да се најде решение за кое не постоеше пример во политичката историја и во меѓународните односи. Беше потребно иновативно решение, кое ќе излезе од рамка.

И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е – невозможно, нагласи Заев.

Со тоа беше речено на отворањето на Преспа форумот е ставен крај на еден спор. крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите.

Со тоа рече премиерот Заев на светот му се понуди еден нов Балкан, Европски Балкан кој, покажува и намери и капацитети да биде слободен, поврзан, еднаков вреден и еднакво важен дел од напредниот свет.