24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Во времиња на големи глобални пресвртници, и неизвестност, ние испорачуваме решенија и мир

Во своето воведно излагање на отворањето на Преспа форумот македонскиот премиер Зоран Заев потсети дека во мандатот на оваа Влада една од најдобрите вести кои тој како премиер ги соопштил била токму објавата за решавањето на спорот помеѓу Северна Македонија и Грција.
Како бесценет го оцени моментот на 17 јуни во Преспа кога заедно со Алексис Ципрас ја соопштиле добфрата вест на своите народи иако биле свесни за ризикот на нивните политички кариери.
„ Но денес ги собираме плодовите од решениот спор. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и сериозно подобрена билатералната соработка. Растат економските инвестиции, бизнисите ни соработуваат како никогаш до сега, а веќе имаме и одлуки за заеднички инвестиции во гасоводни проекти како тој во Александруполи. Со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан“, подвлече Заев..

Договорот, нагласи Заев имаше за цел да го надминеме минатото исполнето со недоверба и навистина да градиме заедничка иднина.

„Пресвртот што го направи Договорот од Преспа му даде друга насока и контекст на целиот регион. Светот прифати дека и од Балканот може да дојде успешна приказна, која треба, и може да има домино ефект и врз други отворени прашања во регионот, преку нејзината темелна вредност, а тоа е – решение е можно кога за тоа има јасна воља“, рече Зоран Заев и додаде:

„Балканот може, Балканот испорачува, Балканот е новата надеж на Европа, Балканот е Европа. Ние денеска, врз основа на нашето искуство од патот до Преспа и до договорот со Грција, слободно можеме да го кажеме тоа со потполно право. Ние сме Европа, повеќе од кога било“.