23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Лукаревска: Фискалните сметки не се само бројка, туку пари кои се враќаат кај граѓаните

Фискалните сметки веќе две години не се само хартија со бројки, туку пари кои се враќаат кај  граѓаните . Овој проект е реалност во нашата држава и на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денари, односно 36,3 милиони евра како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки, истакна денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

-„МојДДВ“, ги враќа парите назад кај граѓаните, ја намалува сивата економија, се солидаризира со најпогодените од Ковид кризата и ја поддржува  и поттикнува македонската потрошувачка и производство. Во првата година преку „МојДДВ“ вратени се над 670 милиони денари, во втората година над 1,5 милијарди денари, а во првиот квартал од  годинава на граѓаните им се вратени 413.758.172 денари.

Според неа бројот на корисници и бројот на скенирани смерки се зголемува, а граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа  повратот на ДДВ кој го оствариле и со тоа се зголемува довербата кон институциите.