Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет

Министерот за правда Бојан Маричиќ на настанот „Темелните права во 2020 година: Рефлексии и поглед напред“ кажа дека Владата демонстрирала посветеност за заштитата на човековите права преку донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во поглед на поголема заштита и унапредување на човековите права, министерот се осврна и на ратификацијата на Истанбулската конвенција, но порача дека реформите во областа владеење на правото се суштински за зголемување на правната сигурност на граѓаните и зголемување на довербата во правосудството.

Маричиќ: Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет. Почитување на човековите права и слободи не може да постои без квалитетни и сеопфатни реформи во судството и правосудниот систем и заштита на фундаменталните права. Поради тоа нужно е функционирањето на независно, непристрасно и непартизирано судство кое ќе може да гарантира соодветна заштита на човековите права утврдени со Уставот, меѓународните ратификувани документи и домашните закони.

Северна Македонија веќе втора година како земја посматрач во Агенцијата за фундаментални права е опфатена со овој извештај, а во овогодишниот извештај фокусот е на влијанието на Ковид-19 врз темелните права.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК