5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

СДСМ: 100 милиони евра поволни кредити за малите и средни претпријатија, поддршката за домашната економија продолжува

Соопштение:

Поддршката за домашната економија, за малите и средни претпријатија продолжува и во постковид периодот.

Министерството за финансии и Европската инвестициона банка потпишаа договор за 100 милиони евра наменети за евтини кредити кои ќе се реализираат преку Развојната банка на Северна Македонија.

Најмалку 300 проекти на мали и средни претпријатија ќе се поддржат со овие средства.

Кредитите до фирмите ќе се даваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата до 12 години со вклучен грејс-период од 2 години, во зависност од тоа дали кредитите ќе бидат наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства.

Се работи за кредити по исклучително поволна повластена каматна стапка, која за првите транши би изнесувала до 1,6 отсто.

Овие 100 милиони евра кои директно ќе се вбризгаат во домашната економија ќе значат нови инвестиции, зачувување на работните места и можност за отворање нови.

Како одговорна партија продолжуваме со силна поддршка за домашното стопанство. Градиме стабилна, развојна економија која носи шанса за сите.

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме го зафати и струмичкиот и кочанскиот регион

ДЕСК

НЕВРЕМЕТО ДОБИВА НА ИНТЕНЗИТЕТ ВЕЧЕРВА И УТРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Темни облаци над Скопје – Град со големина на орев погоди делови од Карпош

ДЕСК