17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До четврток многу жешко и температури до 40 степени – Од петок следува освежување и опаѓање на температурите

До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои на југоистокот и вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Согласно очекуваните вредности на температурата насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури.

Од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 01.07.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. УВ=9

Прогноза за 02.07.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Попладне, особено во северните делови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 03.07.2021
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Околу пладне ќе има локални врнежи од дожд. УВ=8