23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Португалската амбасадорка демантира: Сакаме да изнајдеме решение за спорот, никогаш не би го загрозиле

Португалската амбасадорка во Република Северна Македонија, Марија Вирџиниа Мендес да Силва Пина ги демантира извештаите во бугарските медиуми, коишто пренесоа изјава на државната секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш дека „јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“.

„Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“, вели таа во изјава за ДВ.

Според Пина, Закаријаш рекла „дека има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија, и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“.

Португалската министерка во разговор со новинари во Лисабон, како што пренесе Бугарското национално радио (БНР), посочила дека дебатата помеѓу двете земји е тешка.

„Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Во Бугарија ќе има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат резултатите пред да одлучат како да постапат“.