13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТИЗБОР

НЕСЕКОЈДНЕВЕН СЛУЧАЈ: Брат и сестра близнаци ги освоија титулите на младинското првенство на Македонија!

Членовите на најголемиот и најуспешниот македонски шаховски клуб ШК Алкалоид, близнаците Матео и Леа Ефтовски, станаа државни шампиони на Македонија во младинска конкуренција, за играчи на возраст до 18 години, пишува Дерби.мк.

Матео Ефтовски де факто ја одбрани титулата што ја освои и минатата година, додека Леа немаше противкандидат во женска конкуренција и настапи на машкиот турнир како единствено девојче од вкупно 12 играчи.

– Оваа година воедно и последна година за мене меѓу јуниорите. По трет пат го освоив првото место на државното првенство на Македонија до 18 години, но за разлика од претходната година имаше поголема конкуренција и јас не бев фаворит за освојување на титулата. Но откако го победив прво рангираниот Андреј Велјановски и ремизирав со второрангираниот Михаил Јорданов, успеав да ја одбранам титулата и да заминам не поразен на шаховската табла на последниве 3 младински првенства. Направив 5 поена од 6 партии, односно извојував четири победи и два пати ремизирав. Мислам дека мојата победа беше најголемото изненадување во сите категории, бидејќи имам многу помалку рејтинг поени од Андреј и Михаил, но сепак им честитам за тешката неизвесна борба и одиграните квалитетни партии,- вели Матео Ефтовски за Дерби.мк.

Целата сторија прочитајте ја на следниов линк.

Спонзорирано: