Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Разговараме и обвинителите да добијат поголеми плати

Министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека по судиите, за поголеми плати се разговара и со обвинителите.

Маричиќ: Имав можност утрово на оваа тема да разговарам со претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител Тодор Витларов, тој ми укажа на одредени меѓународни стандарди, согласно кои примањата на судиите и на јавните обвинители треба да бидат на исто ниво. Владата тоа го уважи и интенцијата и во разговорите со Министерството за финансии ја утврдивме истата можност и истата потреба како кај судиите, така и кај јавните обвинители да има етапно покачување на платите од 10 проценти оваа година и пет проценти наредната година, со тоа што тоа ќе треба законски да се дефинира.

Во однос на платите на судската администрација и јавно-обвинителската служба министерот кажа дека должни се законски да ги уредиме прашањата со платите, примањата и можностите за додатоци и таму согласно можностите ќе обезбедиме зголемување колку што ќе дозволува буџетот и колку што ќе можеме оваа и во наредната година, додаде Маричиќ

Министерот потенцираше дека зголемувањата на платите во судството и обвинителството треба да биде повод и за поголема ефикасност, квалитет и транспарентност во правосудството.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК