22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Даниела Колева: Нова кредитна линија, 100 милиони евра евтини кредити за домашните компании

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

И во постковид периодот продолжува поддршката за домашната економија, за малите и средни претпријатија.

Потпишан е договор меѓу Министерството за финансии и Европската инвестициона банка за 100 милиони евра наменети за евтини кредити кои ќе се реализираат преку Развојната банка на Северна Македонија.

Со овие средства ќе се поддржат најмалку 300 проекти на мали и средни претпријатија

Условите под кои ќе се даваат кредитите до фирмите се исклучително поволни, со рок на отплата до 12 години и вклучен грејс-период од 2 години, зависно од тоа дали кредитите ќе бидат наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства.

Станува збор за кредити по исклучително поволна повластена каматна стапка, која за првите транши би изнесувала до 1,6 отсто.

Ова се 100 милиони евра кои директно ќе се вбризгаат во домашната економија, кои ќе значат нови инвестиции, зачувување на работните места и можност за отворање нови.

Како одговорна партија продолжуваме со силна поддршка за домашното стопанство. Градиме стабилна, развојна економија која носи шанса за сите.

Можеби ќе ве интересира

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

Стабилноста на финансискиот систем – поддршка на домашната економија

M T

Битиќи: Продолжуваме со поддршка на домашната економија

M T

СДСМ: 100 милиони евра поволни кредити за малите и средни претпријатија, поддршката за домашната економија продолжува

M T

Вкупниот финансиски износ на третата бескаматна кредитна линија за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 – Ковид 3, е 31 милиони евра

CENTAR MKD