Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредени двајца пешаци на „Пластичарска“

Двајца пешаци, од кои едниот малолетен, се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на „Пластичарската улица“ во Скопје, а во која учествувале две возила.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 22.15 часот на крстосница на бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“. Во полиција било пријавено дека се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „гранд чироки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(33), автомобил „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи. Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК