23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бочварски од Дебар: За четири години изградивме повеќе патишта од ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

Кога ќе не прашаат од ВМРО-ДПМНЕ што направивте за четири години, ние за тие години изградивме и рехабилитиравме патишта преку 1000 километри за разлика од вас што за 11 години изградивте и рехабилитиравте само 650 км патишта, рече на трибината „Најдоброто за нашата општина“, Претседател на комисијата за транспорт и врски и министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.
-Илјада километри наспроти 650 км, четри години наспроти 11 години, тоа е ефектот од посветената работа на оваа влада. Не застануваме овде бидејќи сите знаеме дека е потребен  развој на државата и знаеме дека државата се движи, а се движи по правиот пат, рече тој.

Бочварски најави изградба на нова социјална зграда во Дебар летово, бидејќи според него тоа се вистинските потреби на граѓаните, тоа се 46 станбени едниници за граѓани кои што тоа им е најпотребно.

-Планираме 660 нови станови за над 660 семејства пријатели на кои тоа им е потребно, затоа што оваа држава мора да биде еднаква за сите, овие општини, градови и села мора рамномерно да ги развиваме, не смееме да градиме само во Скопје, потебно е да се развиваз цела Македонија. Затоа велиме патишта наместо споменици, гасоводи наместо фонтани, водоводи и канализации намест офасади и барок, тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече Бочварски.

 Тој потсети дека СДСМ како партија го исполни ветувањето, и земјата е веќе дел од НАТО.

-Ветивме дека ќе влеземе во НАТО и затоа денеска државата е безбедна и сигурна, со другата власт никогаш немаше да имаме сигурни граници, рече Бочварски..