23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Нашето општество ги разбива сите глупави идеи за менување граници

„На било какви планови или нон-пејпери за менување граници, контрааргументот е Северна Македонија и ги разбиваме сите глупави идеи за менување граници, бидејќи сме здраво мултиетничко општество“, нагласи на партиската трибина во Дебар, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека денеска Северна Македонија е сигурна и безбедна земја, која во следниот период уште повеќе ќе работи на поткревање на економскиот стандард.

-Како поминува пандемијата, јакнеме економски. Ние го вбризгуваме секој денар назад кон граѓаните, преку ослободување од давачки, а зголемување на извори на приод. Имавме ваучери за туризам, картички за купување… Годишно враќаме 40 милиони евра преку МојДДВ и сите тие пари ги враќаме назад кон граѓаните. Ќе продолжиме преку дијалог да се бориме и да создаваме пријатели и да подаваме рака. Целиот свет ни се поклони и ќе продолжиме да го дигаме економскиот стандард. Тука сме да констатираме што е сработено, иако не сме сјајни, но сме стопати подобри од другите, не правиме пљачки и за забегани проекти, нашиот најголем споменик е нашиот народ, кажа Заев.

Тој рече дека имаме сериозни предизвици во претстојниот период и порача да се продолжи засилено со вакцинацијата, бидејќи децата треба да се вратат во училиште, а во септември ќе се спроведува попис.

-Важно е наесен да ги поттикнеме економските можности, а како излегуваме од кризата ќе имаме уште повеќе инвестиции, бидејќи Северна Македонија е сигурна земја, под закрила на НАТО, што е огромен предуслов за инвестициите, заклучи Заев.