Денес, Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, беше дел од состанокот на министри од 6-те земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии, организиран од Советот за регионална соработка (RCC), “Heading towards Roaming Free Western Balkans”.
,,Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1-ви јули”, рече министерот Шаќири.
Министерот Јетон Шаќири рече дека ова е само почеток, додавајќи: “Важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу 6-те земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија”.
“Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба“, рече Шаќири.
Министерот Шаќири најави и продлабочување на соработката меѓу овие земји, инвестиции во мрежа и инфраструктура, така што квалитетот и брзината на комуникацијата ќе се зголемуваат уште повеќе.
„Ние мора да ја искористиме оваа можност и да го забрзаме напредокот кон поврзување на регионот. Ние мора да ги здружиме нашите напори и да работиме преку границите и преку секторите за заедничко зголемување на квалитетот на животот и забрзување на економското закрепнување на регионот “, го заврши својот говор министерот Јетон Шаќири.