Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен дилер при обид до Драчево да пренесе марихуана за 2.400 евра

Скопското обвинителство поведе истражна постапка против 43-годишен маж од Чаир за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

На 23 јуни, на крстосница на булеварот „Србија“, меѓу наслебите Аеродром и Ново Лисиче, осомничениот во својот автомобил неовластено држел марихуана. Договорил продажба на дрогата за сума од 2.400 евра на непознат купувач од Драчево, па со автомобилот се упатил да му ја однесе, кога бил запрен од полициски службеници.

Потоа, бил извршен претрес и на неговиот дом во Чаир, каде било пронајдено дополнително количество дрога и дигитална вага со остатоци од марихуана. Вкупно, од автомобилот и домот на осомничениот биле запленети 2.803,53 грама марихуана во повеќе пакувања, наменета за илегална продажба.

До судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување притвор за осомниченото лице.​​

Можеби ќе ве интересира

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

C +

„Влен“: Правичната застапеност добива европски печат и набегу ќе влезе во парламентот

C +

Димитријевиќ: AKT СДСМ ја претстави новата платформа против корупција (МИЦКО), пријавете!

C +
error: Соддржината е заштитена.