23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров: Се повеќе слушаме земји-членки што велат „вие испорачавте, ред е на ЕУ“

“Не креваме раце, правиме се што можеме да изнајдеме европско решение. Нашите позиции се кристално јасни засновани врз принципи, но проблемот е поголем од нашата мака. Се повеќе слушаме земји-членки што велат вие испорачавте, мора да најдеме начин и ние како ЕУ да испорачаме“ рече вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, во Дневникот на Сител ТВ за недобивањето датум за почеток на преговори.

„Да се каже дека нема надеж е фаталистички, не е здраво, но мора да се грижиме за народот, да го заштитиме и да сработиме тоа што можеме да сработиме бидејќи влогот е голем“ рече Димитров.

Тој додаде дека земјава има еден пат, патот кон ЕУ, но дека во ЕУ ќе влеземе едиснтвено како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

„Многу е невозможно, нелогично и контрадиктороно, македонскиот јазик да биде проблем за членство во унија во која се негува културната и јазичната различност на Европа. Како може некоја земја-членка да бара услови кои немаат релација или се спротивни со европските вредности?“ запраша Димитров.

Вицепремиерот повтори дека ако цената за нашиот пат кон ЕУ е обезличување, тогаш нам не ни треба таква ЕУ.

„Уште кога започна овој процес, кога се интензивираа напорите на германското претседателство, кажав дека сум ок со тоа дека ако не може да ги отвориме вратите поради македонскиот јазик, нема да ги отвораме тие врати. Тоа го поставува прашањето колку е европска Европската Унија“ рече Димитров.