9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ кое е против реформите во образованието, денеска се вознемири од најавите дека ќе се бара преиспитување на откупот на учебници

ВМРО-ДПМНЕ партијата противник на секоја реформа во образованието, денеска се вознемири од најавите дека ќе се бара надлежни институции да го истражат и преиспитаат ексклузивниот откуп на учебници во периодот од 2014 па наваму.

Денешните напади на ВМРО-ДПМНЕ за транспарентноста на процесот со кој се бара преиспитување на договорите за Кембриџ програмата, се доказ за тесната поврзаност на оваа партија со милионските тендери во интерес на одредени издавачи и компании.

Kако одговорна владејачка партија СДСМ сите процеси ги спроведува отчетно и транспарентно. За првпат откупот на учебници се прави на исклучително транспарентен начин, затоа што имаме обврска кон граѓаните за трошењето на јавните пари.

Нашата цел е да обезбедиме квалитетно образование со квалитетни учебници и други наставни материјали и тоа ќе го оствариме без разлика на обидите за блокади на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК