23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Гостивар: По 70 години реновиравме болници и операциони сали

Интензивно работевме да  донесеме во земјава добри и квалитетни лекови, пред повеќе години пациентите со дијабет не знаеја од каде доаѓа инсулинот, не знаеја како се  транспортира, дали е сигурен, имаше бројни поплаки имаше многу компликации, сега сите пациенти со оваа болест ги има на располагање сите најмодерни инсулини во Европа, рече министерот за здравство и потпретседател на СДСМ на трибината во Гостивар.
 
-Нема пациент со ретка болест што нема терапија, нема пациент како порано а да треба да се  прати во странство за да добие потребна услуга или здравствена грижа и заштита, рече Филипче.
 
Тој потсети дека во изминатите три години откако СДСМ е на власт реновирани се одделенија, болници.
 
-Реновирани се сите интерни одделенија во Скопје огромен број на хируршки одделенија, имаме нови операциони сали, по 70 години нашите пациенти може да добијат, нова современа медицинска услуга во еден систем кој пружа многу помодерна здравствена заштита. Нема да застанеме тука ќе ги слушаме барањата на пациентите и на граѓаните за да го надградуваме нашиот медицински ситем, само тука во гостиварската болница се реновираше хируршото оделение, операционите сали, се купи нов апарат за  рендген, а за нецели 2 месеци за првпат во историјата на градот оваа болница ќе добие апарат за магнетна резонанса нема потреба да се патува во Скопје  или во било кој друг град, рече Филипче.