12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче од Гостивар: Ги зголемивме платите на лекарите, ги задржавме младите специјализнати дома

Сеќавајќи се на прерано починатиот доктор, Трајче Нешковски кој потекнува од Гостивар, емотивно го започна својот говор министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина во градот
 
-СДСМ како партија во континуитет ги слушна граѓаните, за да ги вклучи со своите мислења, за заедно да ги креираме политиките и носењето на одлуките, бидејќи не веруваме во наметнати одлуки. Проблемите треба да се слушнат директно од терен и многу често и ексклузивно на тој начин пристигнуваат решенијата, токму од самите граѓани бидејќи тие им служат директно нив, рече Филипче.
 
Тој посочи дека на овој начин се работи и во Министерството за здравство повеќе од три години, отворено и транспарентно, вклучувајќи ги сите.
 
-Во креирање на нашите одлуки ги вклучивме сите, Здруженија на лекари, специјализанти, на пациенти, и  многу постигнавме. Ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, сега се тие скоро дуплирани, повеќе од 100 проценти. За пример тие што беа платени по 60 и 65 илјади денари сега земаат меѓу 95 и 160 илјади денари, посочи Филипче.
 
Тој рече дека се помалку млади лекари сакаат да заминат во странство.
 
-Младите специјалзанти работеа без пари, сега добиваат по 30 илјади денари, сега ќе добиат надоместок и за дежурства ќе бидат и здравствено осигурени. Можеби не ги носиме секогаш правилните одлуки, ама знаеме да го слушнеме гласот на граѓаните и да ги смениме одлуките, така се владее државнички и одговорно, на другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, партија што штити криминалци и штити насилство, таква партија нема иднина, рече Филипче.

Спонзорирано: