23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мицкоски заборави на членството во НАТО, на роденденот заборавено знамето на Алијансата

Од небрежност, тенденциозно или пак поради амнезија за чинот на зачленување на Македонија во НАТО, на вчерашната прослава на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ евроатлантските интеграции на земјата останаа во втор план. За меѓународната политика за која се залага најголемата опозициска партија, во говорот на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски речиси и да не стана збор, особено по историскиот настан од вторникот, кога Македонија за првпат како полноправна членка учествуваше на Самит на НАТО.

Опозиционерите успеаја дури и да го „заборават“ знамето на најголемиот воен сојуз на сцената на Античкиот театар во Охрид, од каде Мицкоски се обрати пред членството и го соопшти новиот слоган на партијата – „Македонија за сите луѓе“, притоа покревајќи дилема кај јавноста, дали во „сите луѓе“, лидерот на партијата ги смета и над 70 проценти од граѓаните кои на анкетите се изјаснуваат за членство во НАТО. Веќе е и добро познат ставот на Мицкоски, кој е категорично против имплементирање на Преспанскиот договор, иако со овој договор се реализира членувањето во најголемиот воен сојуз.

За сите оние што оние што нема да го почитуваат Договорот со Грција од страна на американскиот претседател Џо Бајден веќе пристигна предупредување дека ќе се најдат на „црната листа“, бидејќи работат на дестабилизација на регионот.

-Станува збор за лица кои се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во активност што го попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи го Договорот од Преспа од 2018 година, гласи дел од извршната наредба на Бајден.

Инаку, само ден откако премиерот Зоран Заев, на Самитот во Брисел, оствари куса средба и со американскиот претседател Џо Бајден и се сретна со голем број лидери од регионот и Европа, лидерот на опозицијата, во говорот на прославата, сепак во некаков контекст ја спомена европската престолнина.

-Не е доволно да кажете „жицата македонска нема да ја скинам“, или да му се насмеете на некој бирократ таму во Брисел и да мислите дека сте ја завршиле работата. Успехот во политиката се гледа во тоа колку проблеми сте решиле, изјави Мицкоски пред членството, без јавно да конкретизира во каква насока ВМРО-ДПМНЕ би ја водела надворешната политика на земјата.