Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Повремено засилен северен ветер ќе има во текот на утрешниот ден претежно во Повардарието.
До среда наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.
Прогноза за 17.06.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 32°C
Сончево со мала до умерена облачност, во крајните планински региони ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=7
Прогноза за 18.06.2021
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 24°C до 34°C
Променливо облачно, со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=8
Прогноза за 19.06.2021
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Променливо облачно, со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=8