10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Имавме заробена држава, а денес имаме држава членка на НАТО

„Имавме заробена држава, а денес имаме држава членка на НАТО. Додека ние сме во Прилеп, премиерот седи со претседатели и премиери на 30 држави, како рамноправна членка на НАТО, како сојузник. Тоа беше незамисливо, а денес е реалност“ рече вицепремиерот и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Прилеп.

Тој додаде дека Владата го штити македонскиот идентитет на патот кон ЕУ, пред почетокот на преговорите.

„Имаме слободни медиуми, отвораат приказни, а ние ги расчистуваме без разлика за кого станува збор. Испорачуваме правда и за политички структури. Нема веќе недопирливи, ќе има одговорност за украденото и ќе има правда“ рече Николовски и додаде дека наместо заробени институции денес имаме најтранспарентна Влада во регионот.

Како што кажа вицепремиерот Николовски, до вчера не можеше да се видат сметките на расипниците, а денес сите информации се отворени и за граѓаните и за медиумите.

Спонзорирано: