Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Град Скопје: Не наседнувајте на дезинформациите на ВМРО ДПМНЕ

Соопштение на град Скопје:

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

Ги демантираме дезинформациите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека „Град Скопје и Општина Центар имале решение за сечење на 3 дрва, а исекоа 10“.

Впрочем, оваа дезинформација се демантира и на самата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, кога се посочува „решението со кое се одобрува сечење на 10 дрва како и кроење на цел дрворед долж улицата „Орце Николов“. “

Ги известуваме сите медиуми и граѓани дека за сите исечени дрвја во град Скопје постои уредна документација.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата тактика да лаже, манипулира, дезинформира и да ги блокира сите проекти кои го подобруваат квалитетот на живот во Скопје и затоа ќе биде повторно казнета на следните локални избори.

Можеби ќе ве интересира

Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес

ДЕСК

Град Скопје: Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се – Демант на изјава на Борко Ристовски министер за спорт

ДЕСК

Денес и утре ќе се прска против комарци во Скопје

C +