До среда наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. УВ=6
Прогноза за 16.06.2021
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 31°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. УВ=7
Прогноза за 17.06.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 32°C
Сончево со мала до умерена облачност, во крајните планински региони ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=7
Прогноза за 18.06.2021
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 24°C до 34°C
Променливо облачно, со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ=8