23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Иднината на оваа држава не е само моја иднина и таа треба да ја креираме заедно

„Иднината на оваа држава не е само моја иднина, како што некогаш не беше иднина само на одредени луѓе, но тие никого не прашуваа и сами ја кроеја иднината. Но јас велам не, иднината е моја и ваша и ќе ја креираме заедно, без разлика што некогаш може да имаме и различни ставови“ кажа вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостувањето на емисијата „Вин-вин“ на Телма ТВ.

„Сметам дека секоја дискусија е добредојдена. Мене ме критикуваат затоа што сум дал простор на неистомисленик. За мене различностите се богаство на ова општество. Каде ќе стигнеме доколку е проблематично да дискутираме доколку сме од различни политиччки партии, различни етнички гурпи, веруваме во различни вери или имаме различна боја на кожа?“ запраша вицепремиерот Битиќи.

Тој додаде дека по искрен разговор и одговор што значи еднаков третнам за сите, праведен и правичен и граѓаните кои пристапуваат со недоверба се изненадени.

„Што треба да очекуваме од тие кои се вршители на јавни функции освен така да се однесуваат?“ запраша Битиќи.