Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Симултанка на Заев, по средбите со Ердоган и Рама вечерва на вечера кај Макрон

Владината прес- служба соопшти дека Заев, Димитров и Османи вечерва се во работна посета на Париз со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва се во Париз на работна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Информацијата пред малку ја објавија од владината прес-служба.

Во соопштението се вели дека со посетата се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, и во рамки на неа ќе има работна вечера со францускиот претседател.

Заев минатата недела ја посети и Турција каде вечераше со претседателот Ердоган, а денеска беше во Тирана на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама, што покажува еден засилен ангажман на македонскиот премиер Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ: Кривична пријава за мажот кој насилно упадна во студиото на “Инфомакс”

ДЕСК

Неочекувано топли денови ни доаѓаат — еве што нè чека до 15 декември

ДЕСК

Утре сончево време со температура до 15 степени

C +
error: Соддржината е заштитена.