Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска потврди дека Петре Шилегов е фаворит на владејачката партија за претстојните локални избори.
„Јас сум претседател на СДСМ и им давам поддршка на кандидатите за градоначалници бидејќи тие посветено ja извршуваа работата изминативе години. Ќе се слушнат и мислењата на граѓаните. Ја верувам дека Шилегов има изградено висок рејтинг бидејќи во време на пандемија и во време на референдум се работеше. Локалните избори се избори на личност. И тој е добра спојка за сите коалициони партнери“, нагласи Заев.