Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ахмети ја претстави зелената страна на ДУИ: Остваривме многу цели, сега е време за еколошка прaвда

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во обраќањето пред јавноста од Школката во Градскиот парк во Скопје по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик и како новитет ја објави зелената агенда на партијата.

„Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден“, рече Ахмети.

Тој искористувајќи го како повод Меѓународниот ден на животната средина, порача дека дојдено е време да се прифатат политики за зелена, развиена и безбедна иднина.

„Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграцијата во НАТО, правичната застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот. На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ“, порача партискиот лидер.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски се заканува во обид да направи дефокус од прашањето со мигранитте

ДЕСК

СДСМ ќе претстави онлајн платформа за пријавување корупција, најави Филипче

ДЕСК

Кузеска: СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.