Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Жешкиот асфалт на новиот експресен пат Штип – Радовиш предизвик за Заев, прв го нагази

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски беа меѓу првите што го „сефтосаа“ експресниот пат Штип-Радовиш.

На пуштањето во употреба на завршениот дел од 25,5 километри од клучката Штип-југ до Бучим, премиерот Заев кажа дека овој пат е од исклучително влијание за развојот на економија во регионите на Штип, Радовиш и Струмица.

„Експресниот пат, Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните на југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до главниот град, Скопје. Времето за патување возејќи прописно и безбедно – двојно се скратува“, истакна Заев.

Министерот Бочварски најави дека втората фаза од овој експресен пат, односно делниците од клучка Три чешми до Штип-Југ како и делница од Бучим до Радовиш, ќе биде готова во средината на наредната година.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК