23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Клиничкиот центар што се гради во Белград не е ист со Клиничкиот центар што треба да се гради во Скопје

Уште од самата најава за изградба на нов Клинички центар во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ се противи на овој проект, а сега со месецеи во Собранието кочи Закон со кој би се обезбедиле финансиски средства за негова изградба.

Како аргумент за своите блокади, ВМРО-ДПМНЕ со денови тврди дека во соседна Србија се гради ист клинички центар за четирипати пониска цена од онаа предвидена за изградба во Скопје, проектирана на околу 500 милиони евра, а министерот за здравство Венко Филипче тоа го оспори наведувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ „меша баби и жаби“.

Но што е вистината? Изградбата на нашиот клинички центар и клиничкиот центар во Белград се две различни работи. Во Србија станува збор за зграда која е изградена уште пред повеќе од 20 години и стои празна, а сега се реновира и опремува.

Значи тоа не е нова градба, ниту е со капацитет каков што е планиран да се изгради во Скопје, а тоа е нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар на површина од 110.000 метри квадратни, осмислен со брзи и ефикасни сообраќајни решенија, модерни болнички услови кои ги задоволуваат современите стандарди во медицината и потребите на граѓаните.

Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, изградена одамна, а Клиничкиот центар во Скопје ќе биде цел комплекс со придружни објекти, меѓу кои и Медицински факултет и студентски кампус.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време во собранието го блокира Предлог-законот за изградба на Клинички центар, иако потребите на граѓаните за современо лекување растат, а пандемијата со ковид-19 само потврди колку е значајно да се има функционален клинички центар.