22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Лукаревска: Отворен е повикот за членови и претседатели на комисиите на СДСМ

Во тек е отворен повик за пријавување на кандидати за претседатели и членови на секретаријати на постојаните работни тела, односно Комисиите на СДСМ, соопшти заменик-претседателката на партијата, Сања Лукаревска.

„Ги охрабрувам граѓаните, членовите, сите заинтересирани лица, да се пријават за член или претседател на една од вкупно 19 комисии на СДСМ, поделени по соодветни ресори. СДСМ е отворена за сите без разлика дали се членови на СДСМ или не. Сите граѓани кои имаат желба а се стручни, докажани и посветни во својата област на делување, лица кои уживаат углед и доверба од јавноста и кои се подготвени да дадат свој придонес во креирање и развојот на политиките на СДСМ“, рече таа.

Лукаревска кажа дека овие работни тела на партијата се особено важни за подготовка на изборните програми, за процесот на креирање мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани и се во интерес на државата.

Повикот трае до 11 јуни.