Владата предводена од СДСМ го развива недопрениот источен и североисточен регион и ги фокусира инвестициите за развој на туризмот преку целосно искористување на природните убавини и потенцијалот на нашата држава.
Во срцето на Осоговските планини на Царев врв ќе се гради модерен ски-центар, кој ќе биде еден од петте најголеми центри на Балканот, инвестиција вредна 100 милиони евра, најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
Тој додаде дека на негов предлог овој проект стана дел од владиниот Интервентен план за инвестиции 2021-2027, кој овозможува одржлив економски раст и подобар животен стандард.