23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Ангеловски: Над 1000 казни за брзо возење

Казни за 1069 возачи на територијата на целата држава биле изречени поради преголема брзина.

Од МВР информираат дека по засилените контроли за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, сообраќаен прекршок кој е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, вчера и завчера биле казнети 1069 возачи на територијата на целата држава.

„На територијата на СВР Куманово санкционирани се 181 возач поради пребрзо возење, на територијата на СВР Битола се изречени 183 санкции, а на територија на СВР Скопје 157 санкции. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто“, истакна портпаролот на МВР Тони Ангеловски.