„Во изминатите четири години, Северна Македонија стана пример од земјите на Балканот и донесовме сериозни државнички политики. Во делот на екомоијата денес видливо поразлично се живее со тоа што парите се враќаат кон граѓаните. Зборуваме за 300% покачена социјална помош, за 60% покачена минимална плата, сериозно покачена просечна плата, работнички права, зборуваме за нешто што значи живот од секој можен аспект“ кажа премиерот Зоран Заев во неговото гостување на „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека сите проекти и потфати на Владата во меѓународната политика, „едно општество на сите“ се заради економијата и поголем економски стандард на народот.
„Повеќе инвестиции, опции за работни места за граѓаните – да дочекаме да имаме секој пат опција каде би работеле, каде би се унапредиле, каде ќе го зголемиме квалитетот на живот. Сега влегуваме во една сериозна економска планирана активност. Во следните денови ќе има тематски седници на Влада и отворање на можност за разговарање со опозицијата прво. Да влеземе во Парламентот, низ институциите и со јавноста за да ги придивжиме сите тие активности“ кажа премиерот Заев.
Тој кажа дека планираните инвестиции дел се за инфраструкутрата и најмногу за енергетика, обновливи извори на енергија и дигитализација.
„Енергетиката е една од најважните теми за инвестирање насекаде во светот, заедно со дигитализацијата и ние сме насочени на тоа“ кажа Заев.