Актерката Кораима Торес откри неколку тумори во нејзиното тело пред неколку години – за среќа, бенигни. Сепак, таа е на внимателна од тогаш, бидејќи нејзиното семејство, како што призна, има историја на рак.
– Јас ги започнав прегледите минатата недела. Сакам да ве известам дека мојата мамографија и ултразвук на дојка поминаа добро. Поради овие тумори, мора да прегледувам на секои шест месеци – откри на својот Инстаграм профил актерката Кораима Торес, позната во Македонија по улогата на Касандра во истоимениот ТВ-роман.
49-годишната латиноамериканска актерка изјави дека е малку исплашена и дека овие прегледи извршени со допир понекогаш се болни, но дека е важно да се извршат затоа што можат да спасат животи.
За потсетување, од емитувањето на серијата „Касандра“ во 1997 година, оваа венецуелска актерка, во сите републики на поранешна СФРЈ, стана најомилениот странец.
Таа беше толку популарна што весниците пишуваа за неа секој ден, а уличните тезги беа полни со маици, чаши, слики, разгледници и разни други производи со нејзиниот имиџ. Дури и мебел, душек за спиење и тоалетна хартија беа именувани по Касандра. Затоа, Кораима Торес во една прилика во деведесетите ја посети и Македонија и неколку илјади луѓе ја пречекаа.
фото Инстаграм профил на Кораима Торес