24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пороен дожд и грмежи – метеоролозите со прогноза за наредните неколку дена

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Локално ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне до 25 степени.

Под влијание на влажен бран во текот на утрешниот ден времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со појава на грмежи. Од недела ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен до засилен ветер од западен правец, освен во вторник кога ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Прогноза за 16.05.2021
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 19°C до 27°C
Сончево и потопло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните подрачја.

Прогноза за 17.05.2021
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 18.05.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Сончево со умерена облачност и умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.