Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетник со веспа удрил во две девојки во Штип

Две девојки од Штип, на возраст од 21 година, се тешко повредени откако синоќа во нив удрила веспа, управувана од малолетник.

Според информациите, несреќата се случила на крстосницата од ул.„Железничка“ со ул.„Гоце Делчев“ во Штип, а мопедот го возел 17-годишен малолетник од штипското село Стар Караорман, кој имал и сопатник исто така малолетник.

Во незгодата Р.М. се здобила со тешки телесни повреди, а А.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК

СУДСТВОТО СО 15,3 ПРОЦЕНТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ – За обвинителствата предвидено зголемување од 8,9 проценти

ДЕСК

ВО ПЕТОК БЛОКАДА ПРЕД ВЛАДАТА – Движењето „Ниту една повеќе“ најавува протест поради насилството врз жените

ДЕСК