23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Забраната за политичко рекламирање останува, но ќе воведеме кампањи од јавен интерес какви што има во сите земји од Европа

Во овој момент добиваме информации од различни истражувања дека само половина од населението во Северна Македонија е подготвено да се вакцинира. Тоа подразбира дека мораме да ја интензивираме комуникацијата, едукацијата и информираноста на населението, што подразбира нужна потреба од кампања од јавен интерес, едукативна и информативна, којашто во никој случај не смее и не може да биде политичка, ни идеолошка, бидејќи вирусот не бира ни по раса, ни по вера, ни по политичка припадност,
Праксата од минатото, кога претходната власт, која злоупотребуваше и користеше милиони средства пари на граѓаните под превезот на владино рекламирање, со цел да корумпира медиуми, не постои повеќе – истакна националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во разговор за телевизија Тера.

Но денес имаме сосема нова ситуација, неопходни се кампањи за едукација на населението, за вакцините, за пописот, против корупцијата. Не е исто дали ќе одите со кампања против абортусот, којашто би рекол го дели народот идеолошки или ќе водите кампања за вакцинација од ковид, која де факто спасува животи, истакна Забрчанец.

Во член 102 од Законот за АВМ ќе предложиме измена, која предвидува дефинирање на исклучок од забраната со цел да се може да се предвидат средства од буџетот за да се информираат граѓаните во случај на потреба на заштита на јавно здравје, заштита на безбедноста или други теми од висок јавен интерес, како што е на пример пописот, борба против корупција, рече Забрчанец и додаде дека не постои земја во Европа во која се забранети кампањите од јавен интерес.

Тој нагласи дека со предложените измени ќе остане на сила забраната за владино себерекламирање и за политички кампањи што го делат народот.

Во предлогот има два клучни заштитни механизми, и тоа формирање независна комисија, тело кое што ќе дава мислење дали одредена тема е од јавен интерес или не, да не ни текне нам ни на некоја идна влада, да си прави кампањи за се и сешто како што беше примерот со претходните, рече Забрчанец, додавајќи дека вториот заштитен механизам е распределбата на буџетските средства, која нема да ја прави владата, туку софтвер со точно утврдени критериуми, кој клуч за распределба може да го администрира и оперира кој било субјект, нека бидат тоа новинарските здруженија.

Потенцираме дека по предлогот што го дефинираме, ќе следат состаноци со сите здруженија, медиумски работници, сите заинтересирани, а заштитните механизми ќе се проверат со Венецијанската комисија, нагласи националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во разговор за телевизија Тера.