Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Столбот на нашето семејство се сруши“ – Почина таткото на Арбен Таравари

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша дека починал неговиот татко.

„Почитувано семејство и драги пријатели, по напорната битка од неколку недели, татко ми не можеше да се справи со болеста. Тој беше херој на секоја војна и секоја битка што ја поминав во животот. Столбот на нашето семејство се сруши, нашиот херој почина оставајќи празнини и длабока болка во нашите срца, празнини кои никогаш нема да бидат пополнети! Татко ми повеќе нема да биде физички меѓу нас, но секогаш ќе биде присутен во нашите срца и молитви. Копнежот и љубовта кон него никогаш нема да згаснат! Ова беше одлука на Господ и на нас е да се согласиме со одлуката и да се молиме на Бога да го закрили нашиот татко под неговата милост! Погребот ќе се одржи денес (петок) на старите гробишта, по петочната молитва.“, напиша Таравари.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК