26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: На локалните избори нема да кандидираме луѓе за да задоволиме лични апетити, туку ќе кандидираме квалитетни кадри

СДСМ е фаворит за победа на престојните локални избори. Воведовме мерит систем преку кој што ја следиме работата на градоначалниците, го мериме нивниот учинок да бидат сервис на граѓаните, најави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

„Моменталниот систем што го имаме во партијата, овозможува да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат за нив. Ќе успее интенцијата за отворени листи за локалните совети, за да ги одбереме најквалитетните луѓе, а не луѓе на кои ќе задоволиме личните апетити, со тоа што ќе се најдат на советничките листи“ рече Николовски.

Тој повтори дека СДСМ ќе постави високи стандарди и критериуми кандидатите за градоначалници и советници да може да се најдат на листата.
„Носиме голема одговорност заради големиот број на градоначалници кои моментално ги имаме. Претседателот соопшти бројка од дваесетина имиња, односно градоначалници кои што спроед системот на следење покажуваат резултати и успешно спроведувањње на политиките. Тие добија поддршка од претседателот, меѓутоа треба да ја отвориме и внатрепартиската постапка. Треба да ги направиме анкетите и меѓу граѓаните и внатрепартиски. Системски сме добро поставени и верувам дека квалитеот ќе излезе на виделина,“ изјави Николовски.