Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Николовски: Потврдуваме дека нема заштитени и недопирливи

Тоа што денес зборуваме за случаи за обвинети актуелни функционери ја потврдува отвореноста, транспарентноста, неселективноста, безкорпулозноста, односно потврдува дека нема заштитени, нема недопирливи, во оваа слобода и демократија кои што ги донесовме, институциите треба да работат, изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

„Институциите во секој случај треба да постапуваат, да бараат, да влезат во владата, да земат документација, да покренуваат постапки и да имаме соодветни судски постапки во кои што ќе се докажува дали некој е виновен или не, дали треба да одговара или не треба да одговора. Ова беше незамисливо во претходниот период, кога немавме ниту една постапка за актуелните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а во бомбите после тоа слушавме дека нема некој што не е инволвиран во местење на тендери, во земање на пари на граѓаните, во разни незаконски дејствија за кои што прават се денеска за да нема одговорност“ изјави Николовски.

Тој повтори дека Владата е насочена кон градење на праведно и правично општество во кое што нема да има недопирливи и сите ќе одговараат за своите постапки, без разлика на партиската определеност.

Николовски повтори дека не треба да не изненадува тоа што институциите функционираат и што покрај, како што кажа, клучниот играч од времето на режимот, Сашо Мијалков, се водат предмети и против актуелни функционери.

„Борбата против корупцијата и криминалот е заедничка на сите. Против ова зло треба да се бориме сите заедно, навистина чесно и одговорно треба да се поставиме и да кажеме стоп за многу работи. Безрезервно треба да се поддржи битката и токму затоа на секоја владина седница бараме одговори за сите овие мерки и политики до каде се. Нема кој друг да ни ги реши работите и сметам дека во тој правец треба да се трансформира ова општество“ рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК

БЕЗ ДОЗВОЛА, СО ЗАБРАНА, ПА ДУРИ И ПИЈАН НА ТРАКТОР: МВР со нова акција низ државата – Девет возачи завршија во полиција за само 24 часа

ДЕСК