Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира

Состојбата низ болниците се стабилизира, а бројот на хоспитализирани ковид-пациенти се намалува. Ова било утврдено на редовниот утрински состанок на министерот за здравство, Венко Филипче, со директорите на ковид – центрите.

„Изминатиов викенд значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат“, вели Филипче.

Тој апелира за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на “референдумот”

ДЕСК

ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА НОСИ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА, СЛЕДУВА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ДЕСК