Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА НОСИ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА, СЛЕДУВА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со повеќедневна прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 26.10.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.10.2025
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец (над70 km/h).

Прогноза за 28.10.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

ДЕСК

МВР апелира до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи

ДЕСК

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК