Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од средината на седмицата. Локални врнежи од дожд се очекуваат утре во текот на ноќта и рано наутро во вторник, како и во среда преку денот, кога врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Прогноза за 27.04.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 23°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Прогноза за 28.04.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 19°C до 25°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 29.04.2021
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.