25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДПИ добила 15 нови инспектори надвор од распределените „рамковни“, Пауновски знаел

Административците вработени според „рамковен“ што се распоредуваат во 237 институции а доскора немаа ангажмани и примаа плата, не се замена за редовните побарувања за кадри и нови вработувања што ги имаат инспекторатите, се вели во заедничкото соопштение на вицепремиерите Груби и Николовски во врска со јавните ставови на директорот на ДПИ, Пауновски.

„Согласно тоа, Владата има донесено и одлука за 104 нови вработувања на инспектори во инспекторатите, при што ги има задолжено Министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за политички систем да ги одобрат годишните планови за вработување на инспекциските служби, а особено за Државниот пазарен инспекторат.

Станува збор за нови вработувања кои никако не се поврзани со распределбата на веќе вработените според правична застапеност. Побарувањата за нови вработувања одат низ засебна, целосно одвоена процедура врз која никако не влијаат овие распоредувања. “, се вели во соопштението на Груби и Николовски.

Зачудува тоа што директорот Пауновски во своите настапи постојано зборува за 35 „рамковни“, а не кажува дека инспекторатите се засилиле со 105 нови кадри, а неговиот инспекторат дополнително добил дозвола да вработи 15 нови инспектори.