16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Уште еден македонски лекар почина од корона

Уште еден македонски лекар почина од последиците на Ковид-19, објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук.

Д-р Сенат Грбовиќ, кој работел како лекар во Брзата помош во Здравствениот дом Скопје, колегите го опишуваат како вреден и исклучително професионален и колегијален. Тој почина на 53-годишна возраст.

„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат,“ напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари во објавата на тажната вест, под која од починатиот лекар се простуваат неговите колеги.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ДЕСК

ДОМ: Независните кандидат(к)и не треба да се заложници на партиските монополи

ДЕСК

Левица: Вработените без плати, Алиу без одговори – Кој ја „пере“ пералната на Клинички

ДЕСК