5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Лукаревска: Ги намаливме казните за даночни прекршоци и пак истите кршат закон и ургираат да не платат казна

„Имавме одлична средба и одлична координација имаме со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата. Одлична координација имаме и со МВР, сите институции коишто се под Министерството за финансии, Инспекцискиот совет, и секој во својот сегмент треба да постапува. Меѓутоа баш борбата со овие нерегистрирани компании коишто не плаќаат данок прават голема штета кај оние коишто како што кажа и претседателката влезени се во нашиот систем или пак во сите други системи каде што е потребно за да функционира државата. Да, и тие се почесто на мета, на контроли, на проверки, на блокирање на сметки отколку оние коишто се нерегистрирани. И да биде трагедијата уште поголема истите тие коишто не работат добро, коишто не издаваат еве Фискални сметки (денеска имавме еден таков случај) истите тие веднаш реагираат и бараат начин како да не ја платат казната. Да не го заборавиме моментот дека оваа Влада ја ублажи и казнената политика од казни коишто ги имавме како УЈП за нерегистриран промет преку фискален апарат од 2 до 5 илјади евра, сега веќе имаме казни од 200, 500 до 600 евра, и на сето тоа повторно се ургира и повторно не сакаат да работат согласно сите оние закони“- изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.