23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Со новиот закон наставниците се вработуваат на неопределено време и добиваат статус каков што заслужуваат

Министерката за образование, Мила Царовска во гостување на Телевизија Телма истакна дека причината за носењето на Законот за наставници е заради тоа што наставникот мора да го добие статусот во општеството кој го заслужува. Таа рече дека наставникот не смее повеќе да биде третиран како во минатото кога наставниците наместо да бидат целосно посветени само на својата работа, често биле оптоварени со премногу административни обврски, но и политички злоупотребувани. Според Царовска наставникот мора да се врати на неговата примарна дејност, а тоа е учење на учениците.

„Со новиот закон наставникот добива статус на неопределено време како секој наставник во светот. Се вработувате, влегувате во училиште и единствена работа на која треба да се посветите е квалитетот на нашата настава“, рече Царовска.

Таа смета дека низ годините е изместен фокусот од приоритетите во образование и за тоа не е потребен експерт да го види. Наставниците во минатото беа претрупани со инструкции и задолжителни формулари поради што наместо за резултатите за ПИРЛС во четврто одделение повеќе се грижеа за тоа дали ќе дојде и ќе ги казни инспектор. Со новиот закон наставниците се растоварено од овие административни притисоци и ќе може целосно да се посветат на учениците.

Царовска во интервјуто исто така се осврна на промените и реформите и скептицизмот во однос на можноста истите да се имплментираат. Таа потенцираше дека скептицизам имаше и за учењето на далечина но тоа успешно се спроведува.

„Дали зборувавме на 1ви септември дека нема пристап до интернет за училиштата, а дали денес има пристап до интернет? Да, има пристап. Дали успеавме со мобилизација на реалниот сектор општините и пренасочување на блок дотациите кои не беа пренасочувани да се набават најголем број на таблети и лап топи? Да, успеавме. Дали се зборуваше дека наставниците не знаат да работат на дигитални уреди? Да се зборуваше. Дали денес знаат да работат и одржуваат двонасочна комуникација? Да одржуваат, рече Царовска.