26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Лукаревска: Прифатени се барањата на сметководителите

„Како што лекарите и медицинскиот персонал се на првата борбена линија во делот на справувањето со пандемијата од здравствен аспект, сакам јавно признание да оддадам на сметководителите кои исто така се на првата борбена линија во делот на справување со пандемијата од економски аспект. Дел од нивните барања значи се прифатени, имавме реакции дека можеби задоцнето реагираме меѓутоа секој пат следиме во делот на аплицирањето, односно поднесувањето на соодветни пријави дали е исполнета она квота којашто треба да ја исполнат дел на компании коишто аплицирале… и уште колку недостасуваат за да го запазат соодветниот рок. Меѓутоа сметам дека 80 % од нивните барања беа прифатени.

Секој пат сме реагирале и не е ова прв пат Управата за јавни приходи да одлага рокови три дена пред крајниот рок, туку тоа мислам дека се случувало и порано дури и пред 10-тина години, пред 12 години итн.“- изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.