17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Среде коронавирус криза се инвестира во Македонија – Се потпишува нов договор со Дрекслмајер, утре ќе се знае се’

Вицепремиерот Битиќи ќе потпише договор со Дрекслмајер за нова инвестиција на компанијата во Северна Македонија.

Утре со почеток во 11:00 часот, во Медија центарот на Владата ќе се одржи настан за свечено потпишување на договор за државна помош помеѓу заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и управителите на компанијата ДММ Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Лукас Муехрингер и Јосеф Oтто Ерих Кауфман.

На настанот, по свеченоста за потпишување на договорот за државна помош, свои обраќања ќе имаат вицепремиерот Битиќи и управителите на Дрекслмајер.

Можеби ќе ве интересира

Градинарскиот центар „Фоја“ слави 20 години – за посетителите ќе има роденденски цени 

C +

Народната банка донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

C +

Античкиот театар Аспендос во близина на Анталија ја собра светската оперска и балетска елита на 32 Меѓународниот фестивал за опера и балет

C +